Ајкулите – сериски убијци во океанот?

Повеќе... Служејќи се со истите методи за следење на сериските убијци, истражувачите дојдоа до интерeсни сознанија за големите бели ајкули. Изгледа дека навиките за ловење на овие ајкули се слични на оние на луѓето сериски убијци.


sharks_1415018c.jpgСлужејќи се со истите методи за следење на сериските убијци,
истражувачите дојдоа до интерeсни сознанија за големите бели ајкули.
Изгледа дека навиките за ловење на овие ајкули се слични на оние на
луѓето сериски убијци.

Научниците применија географско профилирање, математичка техника која се користи за да се следат сериските криминалци, за да ги испитаат ловечките навики на големите ајкули.Тие ги испитуваа локациите на 340 случаи на напади на ајкули и ги искористија податоците за да ги лоцираат појдовните точки за напад.

Во криминалните истраги, сериите од поврзани злосторства – обично убиства, силувања или подметнати пожари – се користат за да се одреди приближната локација каде ќе се случи следниот напад или појдовната точка од која престапникот оперира. Најчесто тоа е во близина на домот или работното место.

Сериските убијци или силувачите „оперираат“ најчесто во близина на оваа појдовна точка која им е позната, па така знаејќи ја оваа локација полицијата може да го намали бројот на осомничените и да се насочи кон следење на оние кои живеат и работат во одредена средина.

Оние кои ги испитуваа ајкулите ги поврзааа „злочините“ на големите бели ајкули, во близина на брегот на Јужна Африка (поточно, се работи за нападите врз фоки), и заклучија дека нивниот метод на ловење е многу сличен на оној на сериските убијци .т.е дека и тие секогаш напаѓаат околу една „појдовна точка“. [Sharks are serial killers of the sea, says scientists]

- Реклама -