Ликот и делото на Гоце Делчев се толку големи, а бугарските „историски вистини“ толку тврдоглави, што малкумина остануваат имуни на последните условувања од Бугарија за излегување од заедничката македонско-бугарска комисија и последователно блокирање на евроинтеграцискиот пат на земјава.
Со реакција се огласи и ТВ водителот Димитар Атанасовски. Тој иронично порачува:
„Јас стварно не разбирам, како може еден Гоце да биде пречка за вашите ‘европски’ идеали… давајте го и него и ајде веќе еднаш ова опШество нека киниса, час поскоро, накај Европа!!!
П.С. И кocките вратете им ги, зошто и онака овде се превртува човекот“, вели Атанасовски.