Ајде да се дрогираме

Иако не е дрога, љубовта делува наркотично, утврдија научниците.

ljubov
Објаснувањето се сведува на хемија и физиологија. Состојбата на вљубеност е придружена со синтеза на многу хемикалии во главниот мозок. Овие супстанции може да предизвикаат најразлични реакции, почнувајќи од задоволство и страст.

Подигнатото расположение, што се забележува во почетниот стадиум на односите, може постепено да прерасне во еуфорија, а причината за ова е чисто физиолошка. Истражувањата ја открија врската помеѓу силните чувства предизвикани од заљубеност и повисоките нивоа на дофамин во главниот мозок. Овој невромедиатор предизвикува чувство на искрена радост и еуфорија. Оваа супстанца се синтетизира во мозокот и кај други извори на задоволство, што објаснува зошто новите двојки имаат толку интензивни чувства.

Освен тоа љубовта и директно ја намалува болката. Дури само вообичаеното разгледување на фотографии на некој близок ги намалуваат болните сензации.
Љубовта ги исполнува нашите тела со адреналин и норадреналин – хормони кои предизвикуваат трепет на срцето, потење на дланките и вртоглавица.

Неодамнешно истражување откри дека градите, главата и стомакот се оние делови од телото кои се најчувствителни на љубов – дури и кога ќе го слушате гласот на саканиот или ќе разгледувате негови слики.

Силниот адреналин пред објектот на нашата љубов може да нè натера да се вцрвиме. Овој хормон ги проширува нашите крвни садови и на тој начин го подобрува протокот на крв и кислород до органите по целото тело, но исто така може да поттине и плачење.

Освен тоа љубовта е заштитно средство при срцеви болки. Не едно истражување покажа дека семејните луѓе страдаат многу поретко од инфаркти во споредба со оние кои не се во брак.

- Реклама -