Ајатолахот Хамнеи ги повика исламските земји да ги прекинат сите врски со Израел

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи денеска ги повика исламските земји ширум светот да ги прекинат сите врски со Израел наместо да му помагаат.

-Задача на сите исламски земји е да ја пресечат секоја артерија на израелскиот ционистички режим. Тие мора да ги прекинат своите политички и економски врски со Израел наместо да му помагаат, изјави Хамнеи за иранската агенција ИРНА.

Тој посочи дека ставовите и изјавите на претставниците на исламските земји понекогаш се погрешни.

-Тие зборуваат за прекин на огнот, но тој сега е во нивни раце, во рацете на ционистите. Исламските земји мора да го искористат тоа што го имаат, рече иранскиот врховен лидер.

Прочитајте и:  Во Либан нов бран експлозии преку рачни радио станици, повредени повеќе од сто лица (вознемирувачко видео)
- Реклама -