„Ај Кју“ со победа на Скопски

На Скопскиот фестивал што се одржа вчера победата ја понесе групата „Ај Кју“ со песната „Убава“.

ајкју
Фото Вечер

Тие за освоената награда добија 600 илјади денари, а гласањето се одвиваше по евровизиски принцип со гласање од страна на публиката и стручното жири.

Второнаградената Симона Попоска со песната „Сеедно е“, ја освои втората награда и си лапна 450 илјади денари, додека на третото место се најде Сара Мејс и нејзината „Градина од цреши“ што и донесе 300 илјади денари.

Наградата за животно дело ја освои македонската легенда Славе Димитров.

- Реклама -