Месијата во кој се крстевме – Катица Јанева, на распит (ЛИНК), Боки 13 чека роденден во Шутка (ЛИНК), ВМРО-ДПМНЕ ве вработило па ѕрцките ви ги извадиле во партија (ЛИНК), нема 500 евра плата (не треба линк, ѕирнете во новчаник)… Не дека нема зошто да се биде депресивен во државава. Но, кога ќе ја тргнеме шегата на страна, веројатно имате милион причини да сте среќни и задоволни.
Не затоа што постојат милиони нешта што ги имате, како што имаат некои, туку затоа што постојат „x“ пати повеќе нешта што ги немате, а никогаш не би ги посакале. Тешко дека ова е доволен хинт за конкретната причина за радоста на младиов човек во видеото, па затоа веднаш стискајте на „плеј“, за на момент сите да заборавиме на тривијалностите и да се потсетиме на она што е најважното.
И, бидете благодарни за сите проблеми што ги немате 🙏
💚🍀💚🍀💚 https://t.co/VUjQp2J7PC— Царевата Ќерка (@Carevata_Kerka) August 19, 2019