Ако случајно решите (онака, ради финта) да го блокирате „таткото“ на Фејсбук на неговата сопствена мрежа, ве очекува изненадување. При таков обид, системот ќе ви пријави грешка и ќе ви рече да пробате одново малку подоцна. А малку подоцна, ќе го добиете истото објаснување, од причина што Марк Цукерберг не сака да го блокирате. Зошто? Зашто му се може и зошто знае како да се пошегува.