Airbus A380 е вистинско чудо на модерниот инженеринг. Тој е најголемиот досега направен патнички авион со капацитет од 853 патници. За 50% поголем од Boeing 747, неговиот најблизок соперник, Airbus ги надмина сите претходни достигнувања во конструкцијата на авиони и внатрешниот дизајн.

Комфорот на A380 е навистина на завидно ниво (барем за патниците од бизнис класата). Сите седишта можат да бидат трансформирани во кревети долги комфорни 190cm, со перници и душеци. Секој патник има свој сопствен мини-бар, а на располагање е и барот со бармен во задниот дел од авионот. На врв на сето тоа, авионот има на располагање и две туш кабини кои можат да се користат во текот на летот.
Пред секој патник има 17-инчен екран чувствителен на допир, електричен приклучок и 3 USB приклучоци и далечински управувач комбиниран со сателитски телефон. Секое седиште има сопствен далечински управувач преку кој се регулира аголот на наслонот за грб, светлото и модот за масажа на седиштето.
За оние кои ги интересира цената за патување во ваков луксузен авион – таа се движи од 2.500 до 4.000 долари (толку чини повратен билет на релација Дубаи-Бангкок).