Минатата недела, компанијата Airbnb го претстави своето ново лого. И додека сите други компании со сите сили ги бранат своите знаменитости од тролови и сеир, Airbnb побара од интернет корисниците да го редизајнираат. Дури беше отворен и посебен веб-сајт, насловен „Create“, кој понуди неколку стилови и шаблони кои ќе им помогнат во креативноста.
Ама, Интернет заедницата е како мачка. Ќе те зезне. Најголем дел од заинтересираните го заобиколија сајтот и направија дизајни по свои критериуми. Неверојатно е колку многу сеир може да се пукне со толку малку линии.