Австралиските истражувачи поставиле сензори во ракавите на маичка за да креираат музички инструмент кој може да се облече.
Австралиските истражувачи поставиле сензори во ракавите на маичка за да креираат музички инструмент кој може да се облече.
Ова е лесен за употреба, виртуелен инструмент кој ви овозможува правење музика во живо – дури и на оние кои немаат компјутерски, ниту музички познавања. Генерираниот звук наликува на висококвалитетна mp3-јка.
Маичката ги препознава и интерпретира движењата на раката и потоа се поврзува бежично со компјутер за да го пренесе аудиото. Сензорите за движење во текстилот ги забележуваат нотите преку движењата – во најголем случај левата рака избира нота, а десната ја свири.
Овој производ е соработка на високо-квалификувани истражувачи од полето на компјутерите, хемијата, електрониката, музичката композиција и текстилната индустрија. Технологијата оди понатаму од традиционалната улога на заштита и мода која ја има облеката, откривајќи нови примени на забава со вашите алишта.