AI Weekend ни носи: Иновации и стратегии за примена на вештачка интелигенција во бизнисот

AI Weekend, кој првпат ќе се одржи во склоп на популарниот Weekend Media Festival од 19 до 22 септември во Ровињ, ќе ги собере сите кои сакаат да научат повеќе за примена на вештачката интелигенција во бизнисот. AI Weekend ќе им понуди на бизнис заедницата одговори на клучни прашања поврзани со AI и бизнисот, вклучувајќи: Колкав буџет компаниите треба да одвојат за имплементација на вештачка интелигенција? Кои процеси треба да ги поминат? Кои се предностите за компаниите и постојат ли потенцијални недостатоци при воведување на вештачката интелигенција?

Посетителите на AI Weekend ќе добијат одговорите на прашањата како точно функционира вештачката интелигенција во корпорациите, кои се принципите на успешни, но и неуспешни AI проекти, а истите ќе ги донесе стручњакот за вештачка интелигенција Tobias Zwingmann. Како водечки автор, говорник и советник за вештачка интелигенција и управувачки партнер на германската AI консултантска компанија RAPYD.AI, Zwingmann веќе десет години им помага на B2B компаниите ширум светот да усвојат вештачка интелигенција и машинско учење за да го развијат и подобрат своето работење. Неговата способност да ги направи сложените концепти разбирливи и применливи го прави еден од најбараните предавачи од областа на вештачката интелигенција.

Уште едно значајно име кое доаѓа на AI Weekend е Adam Silverman, основач на стартап компанијата agentOps од Силициумската долина, кој на учесниците на Фестивалот ќе им приближи се што се случува во Силициумската долина. Ќе се разговара за мултиагентските системи и како тие се релевантни и применливи во различни бизниси. Silverman е истакнат лидер и иноватор од областа на вештачката интелигенција и еден од клучните играчи во глобалната технолошка заедница.

Како да влезете во AI светот?

За секој AI проект се потребни одредени ресурси, конкретен проблем што се решава и можеби најважно, internal championi – луѓе во компаниите кои ги водат проектите. Што се случува кога управата сака да имплементира AI, но во средниот менаџмент постојат лица кои не се подготвени за оваа технолошка промена? Колку е тешко, па дури и невозможно, да се работат проекти со компании кои немаат internal championi и како да се реши тоа? За оваа тема отворено ќе зборува Дaвор Аничиќ во предавањето под наслов „No internal champion, no project. Or?“.

Уште едно важно прашање за кое ќе се дискутира на AI Weekend е – како да се започне во светот на AI? Треба ли да се избере готов производ од AI стартап или да се работи со агенција на custom made решение? Или пак да се воспостави свој внатрешен тим? Ова не е прашање што ги мачи само малите компании, туку и реномирани технолошки компании кои веќе имаат светски успешни производи. На AI Weekend за ова ќе зборуваат претставници од една од најдобрите хрватски компании со успешен светски технолошки производ.

Глобалниот потенцијал на вештачката интелигенција

Европа е пионир во претставување на сеопфатна правна рамка за AI позната како AI Act. Целта на оваа регулатива е да се осигура дека развојот и имплементацијата на AI технологиите се во согласност со европските вредности, етика и основни права. За имплементацијата на AI Act, дали таа ќе ја заниша стартап сцената и кои компании ќе бидат храбри да развиваат AI производи во Европа ќе се дискутира на панел дискусијата помеѓу Daniel Abbou, генерален менаџер на KI Bundesverband и претседател на EU AI Forum и Orestis Trasanidis, AI и Silicon Valley лидер во EIT Community (European Institute of Innovation and Technology), која ќе ја модерира Milly Doolan, извршна директорка на компанијата Euronavigator. Сите информации за првиот AI Weekend можете да ги најдете овде, како и на профилите на социјалните мрежи Instagram и LinkedIn.

 


Извор