АХВ спречи влез на пратка од над 10 тони јагнешка кожа од Албанија

Пратката е вратена од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во согласност со превентивните мерки за заштита од ширењето на болеста чума кај мали преживари, која е присутна во соседната Албанија.

„Со оваа одлука, АХВ уште еднаш демонстрира високо ниво на професионалност и подготвеност за навремена превенција од потенцијални здравствени ризици“, се наведува во соопштението од АХВ.

Од АХВ истакнуваат дека пратката била откриена во рамки на засилените контроли на граничните премини, потврдувајќи ја својата клучна улога како заштитник на јавното здравје, безбедноста на храната и заштитата на домашното производство.

Прочитајте и:  Иранското население без интернет повеќе од 1.000 часа