АХВ ги едуцира фармерите, ловците и ветеринарите за беснило, африканска чума и чвореста кожа

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) информира дека преку ветеринарните друштва, почна со дистрибуција на постери, флаери, брошури и прирачници за подигање на јавната свест во однос на болестите африканска чума кај свињите, чвореста кожа кај говедата и беснило. Материјалите се наменети за фармери, ловџии, ветеринари и за пошироката јавност.

Најголемиот дел од печатените материјали ќе биде дистрибуирани преку докторите по ветеринарна медицина, членови на 194 ветеринарни друштва (ветеринарни амбуланти и клиники) на Ветеринарната комора. Материјалите се печатени на македонски и албански  јазик.
Печатните материјали се подготвени како дел од Програмите за надзор за африканската чума кај свињите и болеста чвореста кожа кај говедата. Овие две програми се кофинансирани од Европската извршната агенција за здравство и дигитализација, како дел од Програмата за единствен пазар на храна која ги спроведува акциите на Европската унија за придонес кон високо ниво на здравје на луѓето, животните и растенијата известија од АХВ.

Извор