Ахмети: Заев донесе тешки одлуки за државата и треба да остане премиер

Фото: ТВ21

Премиерот Зоран Заев донесе тешки, но многу значајни одлуки за државата и треба да остане премиер, изјави вечерва лидерот на ДУИ – Али Ахмети.

„Заев ја внесе земјата во НАТО. Мислам дека ќе дојдеме до решение и со Бугарија. Заев треба да остане премиер“, додаде Ахмети во дебатната емисија „Click Plus“ на ТВ21.

Според него, Заев избрзал со неговата изјава дека ќе се повлече.

„Мислам дека Заев избрза. Ова се локални избори. Заев не се кандидирал за градоначалник. Заев има четиригодишен мандат како премиер. Не знам која е неговата стратегија, но не треба да се разочарува. Тој треба да работи со неговиот тим и да победат во Скопје“, порача Ахмети.

Лидерот на ДУИ со оценка дека Шилегов е еден од најдобрите градоначалници на Скопје.

„Има сработено многу. Многу Албанци ќе му дадат поддршка, и еве упатувам апел да го гласаат сите“, изјави Ахмети.

Тој упати остри критики кон Арбен Таравари, кому вели, како доктор, не му личи да манипулира и навредува противници.

„Јас сум влезен во политичка борба. Јас ретко губам. Ќе победиме и во Гостивар. Гостиварчани сакаат Невзат Бејта да биде градоначалник, и ќе победиме. Исто и во Тетово. Таму имаме одлична организација. Теута Арифи заслужува да го води Тетово и така ќе биде“, вели Ахмети.

Според него, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, треба да заборави на Кичево затоа што, како што вели, тој град е нивен.

„Добро е Мицкоски кога повикува на гласање во Кичево. Да беше сега тука друг политичар на мое место, ќе употребеше националистичка реторика, но јас вечерва нема да се занимавам со тоа. Ќе му пратам само една порака на Мицкоски – Нека го заборави Кичево, Кичево е наше. Фатмир Дехари ќе биде нов градоначалник“, наведе Ахмети.

Коментирајќи ја коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците и Алтернатива, оцени дека таа е само за една употреба.

„Тоа е брак без никаква основа. Немаат концепт. Таа соработка нема иднина. Тоа е брак само за една употреба. Оваа коалиција ваква каква што е, каде Албанците гласаат против Албанци во Кичево, и на крај мислам дека ова ќе го пишува и во учебниците по историја“, вели Ахмети.

МИА

- Реклама -