Ахмети за „оставките“ на ДУИ: Остануваме посветени на евроатлантските интеграции и сојузништвото со САД, како најголем интерес на сите наши граѓани

Големите одлуки бараат одговорност и политички, национални и државни жртвувања од секој од нас, затоа министрите на ДУИ поднесуваат оставки од функциите, кои ќе стапат во сила кога опозицијата ќе гласа за уставните измени, се вели во  отвореното писмо до премиерот Димитар Ковачевски од страна на претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

„Почитуван премиер Димитар Ковачевски,

Ценејќи дека нашата земја, Република Северна Македонија, е во критична фаза од нашата европска иднина, имајќи ја во предвид тежината на интеграцијата како политичка организација во последните 20 години, ценејќи дека големите одлуки бараат одговорност и политички, национални и државни жртвувања од секој од нас, тргнувајќи од условот на опозицијата дека ќе гласаат за уставните измени доколку Демократската Унија за Интеграција излезе од Владата.

Легитимно избрани по волја на албанскиот гласач, свесни за надежите и соништата на луѓето да станат дел од големото европско семејство, имајќи во предвид дека Демократската Унија за Интеграција и јас остануваме посветени на определбата дека евроатлантските интеграции, со целосни права на државата, освен во НАТО, исто така и во Европската Унија, како и непрекинатото сојузништво со Соединетите Американски Држави, беа, се и остануваат најголем интерес на сите наши граѓани, без разлика на нивната национална и верска припадност,

Прочитајте и:  Честитка од Ахмети за Денот на албанската азбука: До вчера го унапредувавме, денеска мора да го браниме албанскиот јазик 

Министрите и владините функционери од редовите на Демократската Унија за Интеграција поднесуват оставки од функциите што во моментов ги извршуваат!

Оставките, г-дин Премиере, се материјализират автоматски во моментот кога опозицијата ќе гласа за уставни измени“, пишува Ахмети во писмото.

За потсетување, наспроти ваквиот наратив на ДУИ, нивниот излез од владата беше услов на ВМРО-ДПМНЕ за да влезе во широка влада која би ги спровела уставните измени, но условот за да ги поддржат уставните измени беше истите да почнат да важат од моментот на членство на Македонија во ЕУ.

- Реклама -