Ахмети за интервјуто на Заев: Премиерот ја ризикуваше политичката кариера за да го одблокира процесот, за доброто на државата и граѓаните

Со „директното искажување на нештата“ во интервјуто за БГНЕС, премиерот Зоран Заев лично се жртвувал и ја ризикувал својата политичка кариера за да ја одблокира интеграцијата, односно почетокот на преговори со ЕУ, што е многу важно за иднината на нашата земја, оцени лидерот на Демократската унија за интерграција – Али Ахмети, прашан за коментар, по завршувањето на свечената академија по повод Денот на албанското знаме.

Според Ахмети, Заев покажал добра волја да се реши проблемот со Бугарија, за доброто на државата и граѓаните на Република Македонија.

Лидерот на „интегративците“ уште еднаш повтори Албанците во овој спор стојат рамо до рамо со своите сограѓани Македонци:

„Во оваа ситуација ние, секако, ќе се солидаризираме со нашите македонски сограѓани. Знаете дека никогаш ништо не сме им оспорувале, било јазикот или историјата, затоа што нашите судбини биле исти, окупаторите ни беа исти и жртвувањата ни биле заеднички, заеднички да бидеме слободни во овие простори“.

Прочитајте и:  Мицкоски за барањето на Ахмети: Косово да интервенира кај уставните судии кои ДУИ и СДСМ ги избраа? Шокантно

Ахмети повика на смирување на топката – односно на разум и да не се потпаѓа под влијание на емоциите, притоа изразувајќи голема надеж дека европските вредности на Бугарија ќе резултираат со рационалност и, како голем поддржувач и придонесувач за членството во НАТО и нашата европерспектива, Бугарија ќе покаже подготвеност и  надминување на разликите и отворање на патот кон ЕУ ќе се случи „наскоро, во следните денови“, како што рече Ахмети.

- Реклама -