Ахмети убеден дека најдоцна до 2027-ма ќе сме членка на ЕУ

Лидерот на ДУИ – Али Ахмети, е оптимист дека Македонија ќе влезе во ЕУ за три до четири години.

„Поминавме многу соочувања и тешкотии и постигнавме успешно да ги завршиме важните поглавја и за државата и за стабилноста“, рече Ахмети на дебатата „Европски фронт“ по повод 21-годишнината од основањето на ДУИ, додавајќи дека не размислува, по сето тоа, сега да крене бело знаме.

Оптимизмот за брзото зачленување во ЕУ, Ахмети го спореди со песимизмот кој постоел за членството во НАТО, потенцирајќи ја, меѓутоа, новата геополитичка ситуација.

„И најголемите оптимисти не замислуваа дека некогаш ќе бидеме членка на НАТО, но тоа сега е реалност. И големите оптимисти не би верувале дека Македонија како мултиетничка држава може да биде пример за решавање на проблемите. Ако некогаш сме мислеле дека ќе ни требаат десет години за членство во ЕУ, сега јас верувам дека за три до четири години ние ќе бидеме членка на ЕУ, бидејќи и околностите се сменија во полза на забрзување на тој пат“, рече Ахмети.

Прочитајте и:  Таравари: И да има избори Ахмети пак ќе бара нови, подобро да се фокусира на реформи и адаптација во опозиција
- Реклама -