Ахмети свика итен состанок на Генералниот совет на ДУИ

Партиското раководство на Демократската унија за интеграција (ДУИ) утре ќе одржи состанок. Како што потврди за МИА портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, состанокот на Генералниот совет ќе се одржи во 13 часот.

Доцна синоќа лидерот на ДУИ Али Ахмети на својот фејсбук профил соопшти дека е во постојана комуникација со сите политички партии, „освен со оние кои се против Охридскиот договор и евроатлантската иднина на земјата, со цел менаџирање на состојбата создадена по оставката на премиерот и лидер на коалицискиот партнер СДСМ Зоран Заев“.

Како што напиша Ахмети, нема да се постапува ниту со емоција, ниту со еуфорија.

МИА

Прочитајте и:  Мицкоски за барањето на Ахмети: Косово да интервенира кај уставните судии кои ДУИ и СДСМ ги избраа? Шокантно
- Реклама -