Американската амбасадорка Анџела Агелер и ја честиташе победата на Гордана Силјановска-Давкова на претседателските избори.
Таа преку налогот на X го оцени како историски изборот на првата жена претседател на државата и нагласи дека САД продолжуват со поддршка на целосната евроинтеграција на земјава.
„Моите срдечни честитки до Гордана Силјановска Давкова за нејзиниот историски избор за прва жена претседател на Северна Македонија. Честитки и за сите оние граѓани кои вчера го искористија своето избирачко право на претседателски и парламентарни избори. Соединетите Американски Држави ќе продолжат да ги поддржуваат целите за просперитет и целосна евроатланска интеграција на оваа земја“, стои во пораката на Агелер.