Агенцијата Меккен Ериксон Скопје освои Златен Лав на светскиот адвертајзинг Фестивал во Кан

mekenp.jpg На најугледниот 56-ти по ред светски адвертајзинг фестивал ‘‘Кан
Лајонс‘‘ (Cannes Lions), Меккен Скопје ја доби награда Златен Медиумски
лав (Gold Media Lions) во категорија ‘‘Најдобра употреба на амбиентални
медиуми‘‘ (Best usage of ambient media) за кампањата ‘‘Провери ги!‘‘.
Златниот лав е најпрестижна светска награда во областа на рекламирањето
и претставува врв во квалитетот на пријавените кампањи.



КАМПАЊАТА ЗА ПОДИГАЊЕ НА СВЕСНОСТА ЗА РАКОТ НА ТЕСТИСИ НАЈДОБРА ВО СВЕТОТ ЗЛАТЕН ЛАВ ЗА МАКЕДОНИЈА

meken.jpgСкопје, 24 јуни, 2009 година. Агенцијата Меккен Ериксон Скопје и ја донесе на Македонија првата награда Златен лав од областа на рекламирањето.

На наjугледниот 56-ти по ред светски адвертајзинг фестивал ‘‘Кан Лајонс‘‘ (Cannes Lions), Меккен Скопје ја доби награда Златен Медиумски лав (Gold Media Lions) во категорија ‘‘Најдобра употреба на амбиентални медиуми‘‘ (Best usage of ambient media) за кампањата ‘‘Провери ги!‘‘. Златниот лав е најпрестижна светска награда во областа на рекламирањето и претставува врв во квалитетот на пријавените кампањи.

Во конкуренција од преку 140 кампањи во иста категорија, пристигнати од сите четири страни на светот, кампањата на Меккен Ериксон за подигање на свеста за ракот на тестиси ‘‘Провери ги!‘‘ изработена за клиентот ‘‘Веритас Спирити‘‘ го освои жирито составено до 30 врвни професионалци од Европа, Америка, Азија, Африка и Австралија.

На свечената церемонија по повод доделувањето на наградите која беше организирана вчера вечер во најпознатиот фестивалски град на југот на Франција, г-динот Владимир Димовски, Генерален Директор на Меккен Група Скопје, ја прими наградата во име на Агенцијата. На церемонијата присуствуваа повеќе од илјада угледни гости и претставници на светскиот рекламен и медиумски џет сет.

‘‘Ова е голема ноќ за сите нас. Наградата е врв во нашата работа, огромно  достигнување за целиот тим на Меккен Ериксон и воопшто за кретивниот израз во Македонија. Гордоста која ја чувтсвувам во овие моменти е немерлива. Им благодарам на сите наши пријатели и колеги.

Докажавме дека Македонија може не само да се носи рамо до рамо со светските имиња туку и да биде најдобра меѓу најдобрите. Нашата цел е да работиме според светски стандарди, a оваа награда тоа и го потврдува . Треба да запомниме: големите идеи се секогаш едноставни.‘‘ – рече Димовски.

checkthem_avtoperalna_.jpg

Кампањата ‘‘Провери ги!‘‘ ги освои речиси сите престижни награди во различни категории: влез во листата на најдобрите во категорија за најдобри кампањи, награда за најдобра кампања (надвор од официјалното натпреварување) избрана од страна од учесниците на Фестивалот Голден Драм во Порторож, Злато на Фестивалот Голден Хамер во категорија ‘‘Најдобра употреба на герила маркетинг‘‘ и Злато за креативност на Медиумскиот Фестивал во Валенсија.

Агенцијата за интегрирани маркетиншки комуникации Меккен Ериксон Груп Скопје е дел од светската мрежа на рекламни агенции McCann Erickson World Group. Веќе единаесет години успешно работи во Македонија, нудејќи им ги своите услуги на најголемите светски компании како и на голем дел од локалните компании. Услугите на Агенцијата се во доменот на рекламирањето, односите со јавноста, организација на настани, корпоративно комуницирање и други интегрирани маркетиншки комуникациски решенија.

За повеќе информации за фестивалот и наградите:

Cannes Lions Festival
http://www.canneslions.com

checkthem_hand.jpg
checkthem_pazar_tabla_jajca.jpg
checkthem_stadion_.jpg

- Реклама -