Агелер за законот за амнестија: Граѓаните треба да знаат што и зошто се случува, политичките лидери да објаснат зошто е важно

Американската амбасадорка Анџела Агелер, во врска со предложенииот закон за амнестија, денеска изјави дека за САД и Американската амбасада е важно ваквите процеси да се одвиваат транспарентно и да бидат легални.

Одговарајќи на новинарско прашање при посетата на селото Радово по повод пуштање во употреба на предучилишен едукативен центар во Босилево преку програма на УСАИД, Агелер нагласи дека е запознаена дека законот е влезен во собраниска процедура, но рече дека не ја знае неговата содржина. Таа нагласи дека важно е политичките лидери да ја запознаат јавноста со потребата од негово носење.

„Граѓаните во земјата треба да разберат што се случува и зошто тоа се случува и нивните избрани лидери да комуницираат со нив зошто тоа е важно. Ова не е прв закон за амнестија, секако нема да биде последен и ние одблизу го следиме процесот за да го видиме крајниот резултат“, рече Агелер.

Прочитајте и:  Агелер: Црната листа е многу динамична - постојано се разгледуваат имиња и едвај чекаме да додадеме нови

Кабинетот на претседателот на Парламентот вчера информира дека законот веќе е доставен до пратениците и е предложен да се носи по скратена постапка.

Премиерот Димитар Ковачевски вчера дециден дека законот не е правен за личности, туку за дела од помал обем со намера за релаксирање на пренатрупаните капацитети, а од опозицијата остануваат на ставот дека со законот се опфатени „озлогласени криминалци“.

МИА

- Реклама -