„Народот на Северна Македонија заслужува интегритет од неговите јавни службеници и систем кој ќе ги повика на одговорност“, изјави американската амбасадорка Анџела Прајс Агелер по повод одлуката на Стејт Департментот да го стави струшкиот градоначалник Рамиз Мерко на „црната листа“ на САД.
„САД ќе продолжат да го прозиваат секого – без оглед на позиција или политичка партија – кој го поткопува владеењето на правото или е закана за напредокот и стабилноста на Северна Македонија“, порача Агелер во ставот објавен од Амбасадата на САД во земјава.