Детекторите за метал на аеродромите наскоро ќе бидат дел од минатото бидејќи се развива нова технологија која наместо да го скенира багажот на патниците ќе ги анализира нивните намери и емоции.
Детекторите за метал на аеродромите наскоро ќе бидат дел од минатото бидејќи се развива нова технологија која наместо да го скенира багажот на патниците ќе ги анализира нивните намери и емоции.
Оваа технологија ја развива една израелска компанија за обезбедување и според нивните искази оваа технологија за „мозочен отпечаток“ или технологијата која може да ги открие намерите и емоциите е многу повеќе развиена одошто се мисли.
Никаде во светот нема поголема потреба од оваа технологија одошто во Израел кој се соочува со константни безбедносно закани. Од оваа причина оваа земја стана водечка во развивањето на ваквите безбедносни системи. Неколку тамошни компании развиваат детекциони системи кои можат да ги откријат сигналите на емотивна напнатост, психолошко црвено знаме дека некој патник има намера да изврши терористички чин.
Побрзи и поефикасни од детекторите на метал, овие системи се прават со намера да го направат поефикасен процесот на откривање на потенцијалните опасности и криминални дејствија на аеродромите. Како и секогаш, со ваквата технологија се отвора прашањето за нејзината веродостојност во откривање на вистинските криминалци, со оглед на тоа што патувањето со авион предизвикува стрес кај многумина и потенцијаниот ризик за кршење на човековите права. [Behavioral screening — the future of airport security?]