Adventure Island:Бидете дел од племето

island-beach33Двајца 26-годишни англиски претприемници – Бен Кин и Марк Џејмс, бараат 5000 луѓе кои би се приклучиле на Tribewanted.com, што претставува еден вид племенско дружење на изнајмен остров во Фиџи на период од 3 години.

 

island-beach

 

Двајца 26-годишни англиски претприемници – Бен Кин и Марк Џејмс, бараат 5000 луѓе кои би се приклучиле на Tribewanted.com, што претставува еден вид племенско дружење на изнајмен остров во Фиџи на период од 3 години.

Целта?


Да се изгради еко-заедница која сама ќе се одржува, со сон за градење на масивни комплекси на хотели во иднина.

Членарина:
Номад – 220$
Ловец – 440$
Воин – 660$


Со овие средства на членовите им е обезбеден престој од 14 до 21 ден на плажите со палми кои се простираат на 200-те акри оаза. Трошоците подразбираат храна, престој и трансфер од локалниот аеродром.


Да се разбереме, ова не е престој со 5 звезди. Животот во племето ќе биде тешка работа, особено за они кои први ќе пристигнат и ќе треба да ја постават опремата за основна употреба. Тука нема струја, но соларната енергија ќе овозможи интернет пристап.
Засега има 400 пријавени членови, од кои 50 се од САД. Останатите се од 14 различни земји, на возраст од 18 до 67 години.

Многумина од оние кои се интересираат за проектот, на вебсајтот прашуваат: „Дали е ова Survivor? Или е повеќе како Lost?“

 

Ова е социјален експеримент кој се основа на идеја за користењето на интернетот како би се создала заедница. Засега, островот е наречен Adventure Island. На 1-ви Септември племето ќе гласа онлајн за 12 шефови, чии профили се поставени на нивната вебстраница.

 

- Реклама -