Излегоа првите фотографии од новата пролет-лето колекција на Дона Каран. Дизајнерот повторно го избра вистинскиот човек за тоа – привлечната Бразилка Адријана Лима.
Примамливата убавица направи фото- сесијата во стилот на Амазон, во облека со мрсни бои, типични за брендот . Фотосесијата е направена од фотографот Расел Џејмс на неколку различни локации во Хаити.
Освен Адријана во кампањата се појавува и моделот Андрес Сегура. Во колекцијата доминираат земните темни тонови како кафеава, портокалова и индиго. Моделите се од квалитетна свила, асиметрични, слободно паѓаат следејќи ја линијата на телото. Сета облека се исклучително секси и удобна за носење.