Ангелот на Викторија Сикретс, Адриана Лима, се појави на пистата на модната ревија на Прада што се одржа во четвртокот во Милано. Ова беше вистинско изненадување за модниот свет, но и за обожавателите на бразилската убавица.
Супер моделот ја објави оваа фотографија на својот профил на Фејсбук, а за неа напиша: „Ми беше голема чест да чекорам на мојата прва ревија на Прада за колекцијата есен/зима 2013 во Милано. Благодарам Прада за прекрасната можност“.
На видеото може да ја погледнете целата колекција
[youtube]http://youtu.be/ToOzwydjwEU[/youtube]