Адриана Лима: Шпанско шаренило на најубавата Бразилка

Откако Париз покажа што препорачува високата мода за претстојната сезона есен/зима, Барселона отиде чекор понапред и ги покажа трендовите во комерцијалната мода за сезоната пролет/лето 2014.

Прв тоа го направи брендот Desigual со шарени дезени и ведри модели на кои дополнителен печат им даде Адриана Лима чиј ангелски лик ги маѓепса и шпанските дизајнери.

Ангелот на Victoria’s Secret за првпат чекореше на модна писта во Шпанија. Нејзината бразилска убавина се вклопи во заводливата медитеранска атмосфера на ревијата во Барселона.

Погледнете ја Лима во моделите на Desigual

- Реклама -