Секогаш ги сакаме нетрадиционалните комбинации и луѓето кои што умеат да експериментираат и да ги мешаат различните стилови.
Оваа вештина не е својствена за секој, но може да се развие со текот на времето, под услов да се ослободиме од предрасудите и трајно воспоставените модели кои ги следиме. Не е задолжително да сме целосно подредени на еден стил, за да изгледаме елегантно и добро. Токму спротивното. Со комбинирањето на типично спортска облека и додатоци со некоја целосно елегантна визија може да постигнеме неверојатен успех. Така не само што ќе се чувствуваме удобно и практично, туку ќе изгледаме онака како се чувствуваме – совршено.
За да ве инспирираме да експериментирате, одбравме неколку одлични примери од Adidas и Pinterest кои докажуваат дека мешањето на стиловите е одличен начин да се изразиме себе.
Колекцијата во наведените примери е за сезоната есен / зима 2014.
Класично е да изберете некои од секојдневните спортски чевли во бела или црна, но зошто да не внесете и малку боја во својот живот?