Adidas ја претстави најновата технолошка иновација- miCoach смарт топка, која е всушност фудбалска топка со интегрирани сензори кои ги следат податоците за движењето, ротацијата, брзината и аголот на паѓање на топката, благодарение на Adidas miCoach SMART BALL апликацијата.
Топката веќе вчера имаа можност да ја испробаат големите фудбалски ѕвезди како Давид Силва, Алваро Негредо, Клаудио Брава и Хектор Морено, кои се просто воодушевени од најновата иновација од Adidas.
Adidas miCoach смарт топката е идеална за тренирање/ шутирање при казнени или слободни удари, прецизно шутирање, шут од агол, долги додавања, а дизајнирана е на начин кој овозможува да се усоврши талентот, вештината, моќта и контролата на играчите.
Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk