Контроверзен дизајн на новите Адидас патики

Најновиот модел патики што го престави компанијата Адидас предизвика лавина негативни реакции кај фановите на овој бренд. Имено, тие ја обвинуваат компанијата дека го подржуваат и го промовираат ропството.

Џереми Скот е името на познатиот дизајнер од Њујорк кој го содаде овој модел кој чини 350 долари и треба да се појави во продавниците во август, меѓутоа компанијата почна со промоција на својата Фејсбук страница на 14 јуни.

Многумина од фановиите на брендот збеснаа кога ги здогледаа жолтите пластични синџири и бразлетни прикачени на задниот дел на патиките. Тие велат дека овој моден детал многу потсеќа на прангиите што ги носеле афро-американските робови и дека со ова компанијата го промовира ропството. Само што се појави сликата и видеото за новите обувки, блеснаа преку 2000 коментари кои го опишуваа овој производ како навредлив, нападен па дури и грд.

„Што е ова, линија за робови? Носејќи ги овие патики, ќе се почуствуваш како вистински затвореник.“

Вака гласеа некои од коментарите кои ги напишаа луѓето на официјалната Фејсбук страна на Адидас. Компанијата се огласи дека ништо во творештвото не Џереми Скот нема поврзано со глорифицирање на ропството, туку дека неговиот стил е едноставно авангарден.

„Сè што е со синџир не е автоматски поврзано со ропството. На крај и во слоганот за промоцијата за патиките гласи дека толку се удобни и лесни, што мораш да ги врзеш за себе да не одлетаат.“ – додаваат од компанијата.

Инаку партнерството помеѓу Џереми Скот и Адидас е несекојдневно и необично. Тој за компанијата во минатото има креирано модели на обувки кои имаат плишани мечиња, леопардова опашка или пак гигантски крилја. Многумина од познатите личности како Ријана, Мадона и Бијонсе се фанови на неговите креации.

- Реклама -