Адидас и Пума – помирување после половина век

Повеќе... Германските компании Адидас и Пума после 60 години ќе се обидат да ги заборават старите конфликти и да си подадат рака во знак на помирување. Кавгата ја започнаа двајцата браќа Ади и Рудолф Dassler. Првиот ги создаде Адидас, а вториот Пума. Тие во дваесетите години од минатиот век започнаа да прават спортска облека во мајчината перална, за подоцна да создадат супер успешни компании, па дури и револуција во дизајнирањето на спортската опрема.


_46397604_dassler_226.jpgГерманските компании Адидас и Пума после 60 години ќе се обидат да ги заборават старите конфликти и да си подадат рака во знак на помирување. Кавгата ја започнаа двајцата браќа Ади и Рудолф Dassler. Првиот ги создаде Адидас, а вториот Пума. Тие во дваесетите години од минатиот век започнаа да прават спортска облека во мајчината перална, за подоцна да создадат супер успешни компании, па дури и револуција во дизајнирањето на спортската опрема.

Конфликтот започнал за време на Втората Светска Војна, најверојатно заради политички несогласувања. Нивните фирми се наоѓале на спротивните брегови на реката во баварскиот град Херцогенаурах, а тие никогаш оттогаш не прозбореле. По конфликтот цел град се поделил на оние кои го поддржуваат едниот или другиот брат, кои во тоа време вработувале голем број луѓе.

Во заедничката изјава за медиумите, прв пат по повеќе од 50 години, двете компании објавија дека со пријателскиот фудбалски натпревар кој се одржа на 21 септември сакаат да ја поддржат организацијата „Peace One Day“ и нивната борба против насилството. Инаку, денес ни една од овие две компании не ја води потомок на семејството на основачите, освен рудолфовиот внук кој работи за двете фирми како консултант. [Adidas and Puma end 60-year feud]

- Реклама -