Дел од медиумите пренесоа дека славната пејачка Аделина Тахири синоќа доживеала сообраќајна несреќа, по што била итно пренесена во Градската болница.
Информацијата сепак е само делумно точна, со оглед на тоа што пејачката напиша дека навистина доживеала сообраќајка, но не е тешко повредена, како што пренесоа дел од медиумите.
„ За сите што ми пишуваа, ми се јавија и што се вознемирија: Добро сум… Фотографиите не се од мене и од мојот автомобил. Доживеав мала сообраќајна несреќа и сум надвор од животна опасност. Ви благодарам на сите“, напиша Аделина.