Адел, Викторија Бекам и Лили Ален се номинирани за наградата „Славна мајка на годината“, која ја доделува лотаријата „Фокси Бинго“.
Минатата година титулата ја освои британската старлета Кети Прајс, позната и како Џордан.
Пејачката Адел која на крајот на минатата година роди син, е најсериозен кандидат за да ја добие наградата. Во медиумите неодамна се појавија гласини дека пејачката го чува бебето сама, бидејќи нејзиниот вереник Сајмон Конеки е постојано зафатен.
Викторија Бекам многу често ја експонира нејзината ќеркичка Харпер Севен во јавноста.
Пејачката Лили Ален во јануари се породи со ќеркичката Марни.
Интересно е тоа што номинирана е и војвотката Кејт Мидлтон, која нема ниту да се породи до 10 март, кога е и закажано доделувањето на наградата.