Првата дама на САД, Мишел Обама, планира на 17 јануари наредната година да организира голема забава со учевството на голем број познати личности, меѓу кои ќе се најдат и двете популарни пејачки Адел и Бијонсе.
Повод е прославата на 50-от роденден на сопругата на американскиот претседател Барак Обама. Според пишувањето на „Daily mail“, Адел и Бијонсе се омилени пејачки на првата дама на Америка која инсистирала на нивното присуство. Британската ѕвезда и од неодамна Оскаровка Адел, веднаш ја прифатила поканата, и е поласкана што ќе пее во Белата куќа.
„Адел со задоволство ја прифати поканата и се откажа од нејзиниот вообичаен хонорар за настапот на приватната свеченост. За првата дама и нејзините гости таа ќе ги изведе нејзините најпознати хитови“, изјавил неименуван извор за „Daily mail“.