Адам Сендлер ја стави во мирување вестерн комедијата Ridiculous 6 за да глуми во засега неименуваната комедија од Warner Bros. Се надева дека во истата ќе има можност да глуми заедно со Дру Баримор, со која веќе работеа заедно во The Wedding Singer и 50 First Dates.
Приказната ќе се фокусира на двајца разведени, кои откако ќе имаат неуспешен состанок на слепо ќе се најдат заглавени во комплекс со семејно опкружување. Ќе се обидат на секој можен начин да држат дистанца еден од друг за на крај да завршат заедно.
Адам Сендлер последно се појави во That’s My Boy И Hotel Transylvania, а следно ќе го видиме во продолжението на комедијата Grown Ups 2.