Загуба од 10 милиони евра имала АД „Пошта“, и тоа заклучно со 31 декември 2018 година. Огромниот минус, сепак, не претставувал пречка „Пошта“ да плаќа огромни износи за менаџерско осигурување, сѐ со цел одредени лица да добиваат големи суми во форма на бонуси, Државниот завод за ревизија.
Имено, во периодот од 1 април 2018 до 1 април 2019 година, АД „Пошта“ платила 2.76 милиони денари (околу 45.000 евра) за 7 директори во акционерското друштво кои истовремено го сочинуваат и Управниот одбор и Надзорниот одбор. Овие директори ги бира Владата, тие примаат плата, а ако одобри Надзорниот одбор може да склучи и договор и за нивно менаџерско осигурување со осигурителна компанија што ќе понуди најповолни услови, објаснува „Слободен печат“.
Во извештајот на Државниот завод за ревизија, пак, се објаснува што всушност претставува менаџерското осигурување и како преку ова се збогатувале одредени лица во АД „Пошта“:
„Со полисите за осигурување, при настанување на осигурителни случаи, се предвидени исплати на оштета на осигурените лица. Во услови да не настанат договорените случаи на осигурани настани, платениот износ на премијата на осигурување, во процент од 89.5%, се исплатува на сметка на осигурениците, наместо на сметка на поштата која извршила плаќање на премијата на осигурување“, појаснуваат од ДЗР.
Осигурителните компании, пак, објаснуваат што покрива менаџерското осигурување – со него се покриваат следниве ризици: cмpт, инвaлидитeт, дневни трошоци при привремен инвaлидитeт, трошоци за лeкyвање во случај на нecpеќа. Меѓутоа, ако не настапи cмpт или траен инвaлидитeт, дел од премијата (во овој случај 89.5%) се префрла како бонус. Што значи дека на секој од овие седум директори, во просек, му следува годишен бонус врз основа на менаџерско осигурување од 5.700 евра!
Според извештајот на ДЗР, одговорноста се посочува кај Фадис Реџепи – генерален директор и претседател на Управниот одбор од 1 септември 2014 до 31 август 2018 година и кај неговиот наследник Ејуп Рустеми – генерален директор и претседател на Управниот одбор од 1 септември 2018 година.
Покрај ова, во ревизорскиот извештај се посочени и низа други неправилности. Повеќе ТУКА.