АД ЕСМ: ТЕЦ Осломеј превентивно исклучен

АД ЕСМ денеска соопшти дека термоелектраната Осломеј од превентивни причини е исклучена од работен режим по забележана појава на вибрации во системот во делот на вентилацијата, кој минатата недела беше зафатен со пожар при самозапалување на јаглен.

„Се вршат повторни проверки од страна на надворешната овластена фирма и се очекува набрзо пречката да биде отстранета и термоцентралата да биде вратена на мрежа. Нема да има недостиг на електрична енергија во производството на АД ЕСМ, бидејќи капацитетите работат според планот и се компензира секое отстапување на одреден капацитет“, информираат од АД ЕСМ.

Во изминатото деноноќие произведени се 17.454MWh електрична енергија, што, според АД ЕСМ, ги надминува потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.

- Реклама -