Абас: Никогаш нема да се согласиме со исклучување на Русија од мировните преговори на Блискиот Исток

Палестинските власти во никој случај нема да се согласат со исклучување на Русија од мировните преговори на Блискиот Исток, изјави палестинскиот претседател Махмуд Абас во интервју за руска новинска агенција.

„Русија секогаш барала и бара начини за мирно решение и се стреми кон „праведно решение за блискоисточното прашање во согласност со меѓународното право. И да не ја заборавиме улогата (на Русија) во „блискоисточниот квартет“. САД отсекогаш сакаа да ја исклучат Русија од овој процес. Под никакви околности нема да се согласиме со исклучување на Русија од каква било платформа за блискоисточно решение, бидејќи таа зазема навистина праведен став за блискоисточното прашање врз основа на меѓународното право“, рече Абас.

Прочитајте и:  Орбан: Опасноста од ескалација на војната никогаш не била поголема
- Реклама -