„А1он“: Полицијата уште од вечерва ја чува „Борис Трајковски“ за утрешната трибина на СДСМ, за во случај на дојава за бомба

Сите шест влезови на паркингот на спортската сала „Борис Трајковски“, каде денеска имаше дојава за бомба, вечерва се затворени од полицијата, објави порталот „А1он.мк“.

Симптоматично е што ова се случува непосредно пред утрешната трибина на СДСМ, која треба да се одржи токму во салата. Како што оценува „А1он.мк“, веројатно се работи за безбедносна проценка од страна на МВР, за трибината да помине без пречки и да не мора утре, во случај на дојава за бомба, да се евакуираат присутните. Дали е така порталот прашал и во МВР, но од министерството најавиле одговор за подоцна.

Дотогаш, граѓаните кои ја користат салата се спречени во тоа и се револтирани што партиската трибина нив ги чини време и нерви, пренесува порталот, но потенцира и дека ова е првпат МВР вака превентивно да делува во однос на дојавите, и покрај тоа што со месеци ги трауматизираат учениците (повеќе ТУКА).

Прочитајте и:  Мицкоски: Владата ја поддржа кандидатурата на Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО, се слушнавме и по телефон

Во меѓувреме, владејачката партија на Фејсбук се пофали дека сѐ е подговено за трибината, чиј почеток е закажан за во 18.00 часот.

Портали блиски до СДСМ, пак, најавуваат присуство на над 10.000 граѓани, членови и активисти, а со тоа, велат, „социјалдемократите праќаат порака дека се сплотени и консолидирани, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ каде меѓусебните кавги и клевети станаа секојдневием особено откако пукна тиквата меѓу Данела Арсовска и Христијан Мицкоски“…

- Реклама -