„А1он“: Полициja со шест возила упадна во магацинот со донации од Заеви

Со опcaда од шест полициcки возила, како на филм, доцна синоќа полициjaта упаднала во магацините каде волонтерите на невладината организација „Сите заедно можеме“ ги пакувале и подготвувале за дистрибуција прехранбените продукти донирани од семејството Заеви, наменети за семејства од социјално paнливи категории во осум општини, објави „А1он“.

Волонтерите ја поминале целата ноќ, сѐ до 4 часот утрово кога биле пуштени, во полициcка станица, давајќи исказ.

Во акцијата на полициjaта била вклучена и дежурната јавна обвинителка Лидија Георгиева, којa наредила хуманитарната помош да не биде транспортирана додека не се достават документи за потекло на стоката.

Претседателот на невладината организација – Александар Маркоски, на полициjaта ѝ објаснил дека испратниците и фактурите не ги чуваат во магацинот и дека тие се кај донаторите, односно кај семејството Заеви, но не наишол на разбирање од страна на инспекторите. Адвокатот на невладината организација реагира дека е нелогично во 11 часот навечер да се барааат испратници и фактури за потекло на стока која е хуманитарна помош. ПОВЕЌЕ ТУКА.

- Реклама -