А ти да не си Холи?

Труман Капоти веќе бил звучно име кога се појавила „Појадок кај Тифани“ во 1958 година. Иако не била прифатена од критиката на своето време, „Појадок кај Тифани“ стана една од најпознатите и највлијателните дела на Капоти. 

Централниот лик, Холи Голајтли, е слободоумна девојка која води фриволен живот во Њујорк. Безимениот наратор – амбициозен писател го следи нејзиниот живот исполнет со различни карактери. Романот е сочинет како сеќавање на настани кои се случиле околу 15 години порано. Холи ја напуштила земјата пред крајот на Втората светска војна и нараторот оттогаш ја нема видено.

breakfast-at-tiffanys-black-evening-dress-back-view

„Појадок кај Тифани“ е еден од најуспешните обиди да се напише роман за љубовта без класична љубовна приказна.

two-books

Романот доживува таква популарност по објавувањето, што „Тифани“, исклучително познатата продавница за накит која се наоѓа на Петтата авенија бр.727 во Њујорк, прераснува во вистинска легенда и до ден денешен се рекламира преку него и истоимениот филм од 1961 година.

O

Капоти подоцна ќе изјави дека Холи е неговиот омилен лик. Во раната верзија на книгата ја крстил Кони Густафсон. Но подоцна ѝ дава посимболично име; жена која животот го претвора во празник, се движи лесно низ него. Нус ефект на објавувањето е она што Капоти го нарекол „обложување на Холи Голајтли“. Половина од жените што ги познавал,како и некои кои не ги видел,тврделе дека биле инспирација за ликот. Една жителка на Њујорк Бони Голајтли дури го тужела за клевета. Но, крупната 40-годишна жена го загубила случајот. Всушност, бројните биографи сметаат дека личноста на којашто Холи најмногу личи е нејзиниот творец. Таа ги дели неговите филозофии, стравови и мачнини.

Прочитајте и:  Појадокот е доста важен за намалување на крвниот притисок

cartier-truman-capote

Може да се забележат уште некои интенциозно вплеткани преплетувања меѓу биографијата на Капоти и неговата фикција;безимениот наратор и Капоти имаат ист ден на раѓање,30 септември,името на мајката на Капоти е Лили Мае, а вистинското име на Холи – Луламае.

breakfast-at-tiffanys-black-hat-dress-with-gp

Своевремено, романот прави од Капоти жив класик, а тој еднаш ќе рече: „Еден ден почнав да пишувам не знаејќи дека доживотно се ставив себе си во окови пред благороден, но немилосрден господар. Кога Бог ти даде дарба, истовремено ти дава камшик; камшикот е наменет исклучиво за самоказнување“.

truman-capote-irving-penn

Норман Мејлер за Капоти ќе каже: „По свoјот стил Капоти е најсовршениот писател од мојата генерација, ги пишува најдобирте реченици, збор по збор, ритам врз ритам. Не би менувал два збора во „Појадок кај Тифани“ кој ќе стане мала класика“.

- Реклама -