Кој признава пола му се простува па така и Samsung беше принуден да го признае проблемот со слабиот капацитет на батеријата на Galaxy S4 по големиот број на забелешки од страна на корисниците.
Сопствениците на Galaxy S4, пред се тие од Европа ги преплавија операторите со жалби за слабиот квалитет на батеријата која брзо се троши и по само неколку месеци е речиси неупотребливa. Се работи за голем проблем кој е забележан кај дури 30% од жалбите за Galaxy S4.
Затоа корејскиот гигант Samsung вети дека ќе обезбеди бесплатна замена на батеријата за сите корисници кои добиле неисправен смартфон, а тоа може да го сторат во локалната продавница на Samsung Electronics за сервисирање на опрема или пак кај овластен партнер.
Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk