Џасмин Сантана, инструктор за поморски науки на институтот во Catalina Island, не им верувала на своите очи кога додека нуркала крај брегот на Јужна Калифорнија видела огромна змијовидна риба долга речиси 5.5 метри! Безживотниот труп лежел на дното на океанот, на длабочина од околу 9 метри. На Сантана и биле потребни 15 помошници за да го извлечат џиновското тело на мртвото морско суштество на брегот, бидејќи, како што вели таа, никој немало да и верува.
Колегите од институтот настанот го нарекуваат за животно откритие. „Не сме виделе вакво нешто. Најдолгата риба што сме ја виделе беше долга речиси еден метар.“, вели еден од нив.
Рибата наречена „oarfish“ обично живее на длабочина од 900 метри, па средбите со неа се екстремно ретки, што ја прави речиси неистражен вид. Длабочината може да варира од 200 метри до 1 километар. Таа може да порасне до повеќе од 150 метри и да тежи повеќе од 270 килограми, а е најдолгата коскеста риба во светот. Веројатно, токму таа е една од главните инспиратори за легендарните морски змејови и чудовишта низ историјата. Прв пат е откриена во 1772-та, од норвешкиот биолог Питер Асканиус.
Се смета дека најдената риба умрела од природна смрт. Трупот е моментално замрзнат, додека да се реши што ќе се прави со него. Институтот притиска за телото да биде закопано и природно исчистено, за потоа детално да може да се истражи
скелетот и да биде изложен во некои од морските музеи.