Шишките сосема може да ви го сменат изгледот. Иако наша препорака е да заминете кај професионалец, ако сте нетрпеливи и сакате да си играте со косата ви претставуваме 5 совети што треба да ги знаете пред да се фатите за ножиците.
1. Никогаш не се шишај додека косата ти е мокра
Иако кога е мокра е полесна за контролирање, сепак тогаш косата е подолга отколку кога е сува. Ако ги ишишате шишките додека косата ви е мокра таа ќе се подигне кога ќе се исуши.
Совет: Пред шишање наместете ја косата, сосема сува во положба каква што сакате да ви бидат шишките. Не ја третирајте ниту со пена ниту со гел и не ја притискајте со дланка до челото.
2. Набави остри ножици
Не мора да имаш професионални ножици, но барем гледај да бидат остри.
Совет: Инвестицијата во нови, остри ножици е најпаметен потег, а побарај ги во специјализирана продавница за фризерски прибор. Не мора да бидат професионални. Добро ќе ти дојдат и најевтините.
3. Сокриј го остатокот од косата
Пред да ги ишишаш шишките мора точно да знаеш колку коса сакаш да исечеш. Немојда се заиграш затоа што после ќе се каеш.
Совет: Издви го праменот што ќе го претвориш во шишки, префрли го преку лицето, а остатокот од косата цврсто врзи го во коњско опавче.
4. Крати ги шишките од средината кон краевите
Ако почнeш да ги кратиш шишките од краевите кон средината многу е веројатно дека ќе ги ишишаш накосо или прекратко на краевите.
Совет: Шишките подели ги на два дела и крати ги од средината. Кога ќе ја скратиш едната страна, измери ја висината на исечената коса и повтори го истото на другата страна.
5. Испробај нерамни шишки
Ако мислиш дека нема да успееш да ги скратиш шишките рамно, пробај со нерамна техника.
Совет: Наместо да ги поставиш ножиците хоризонтално и почнеш со кратење во рамна линија, постави ги речиси вертикално и само со врвовите на ножиците „сецкај“ многу тенко прамен по прамен. Така ќе добиеш поприроден изглед.