6 години од смртта на Тоше Проески

На денешен ден пред 6 години во сообраќајна несреќа трагично загина македонската ѕвезда Тоше Проески.

Во неговото родно Крушево денеска во 6.20 часот, времето кога загина Тоше во сообраќајна кај Нова Градишка, Хрватска ќе се одржи литургија за спомен.

tose-proeski

Во 10.30 часот членовите на ликовната сексија од ОУ „Никола Карев“, училиштето во кое учел Тоше, ќе цртаат цртежи со неговиот лик, а точно напладне во градот се очекува да стигнат маратонците кои во чест на прерано починатата ѕвезда трчаат од Нова Градишка, а тргнаа завчера.

Во Спомен куќата „Тоше Проески“  ќе бидат интерпетирани литературни творби посветени на Тоше од страна на учениците од средното училиште „Наум Наумовски Борче“.

60789283

Интернационалната фондација „Тоше Проески“ најави дека во тек е доснимување на видеозапис за песната „Жао ми је“ што бил пронајден во компјутерот на Тоше, а исто така се работи и на две англиски песни пронајдени во студиото на Енди Рајт.
Покрај тоа, од Фондацијата откриваат дека е готова и биографијата за Тоше.

toseikona

Тоше, кој имаше успешна кариера и надвор од границите на Македонија и кој беше голем хуманист, загина во сообраќајна несреќа во Нова Градишка кога автомобилот во кој беше тој удри во камион. Ангелот, како што многумина го нарекуваат, почина на лице место на 26 годишна возраст.

[youtube]http://youtu.be/_pJ3eCjMOzo[/youtube]

[youtube]http://youtu.be/Ioj8s3-FcUA[/youtube]

- Реклама -