Како што може да се очекува од луѓе што ги живеат последните мигови, изјавите варираат од горделиви, гневни, па до хумористчни. Следуваат неколку од оние што до ден денес одекнуваат низ историјата:
1. “Let’s do it!”
Зимата, 1976-та, вниманието на Америка било насочено кон осуденикот Гери Гилмор, кој признал двократно убиство. Добил право да избере на кој начин да биде извршена смртната казна – со стрелање или бесење.
Пред моментот на егзекуција, тој бил врзан за електрична столица и ставен пред стрелачки одред, а пред самите истрели, тој изјавил: „Let’s do it“.
Воопшто не е чудно ако оваа изјава ве асоцира на мотото на Најк – „Just do it“. Инспирацијата за истото доаѓа токму од последните зборови на Гилмор.
2. „French Fries.“
Џејмс Џ. Френч бил осуден на доживотна робија, но наводно, бидејќи се плашел да изврши самоубиство, го убил својот затворски цимер, со цел да добие смртна казна. Додека го чекал моментот на електрична столица, тој изјавил: „Што велите, утрешниот наслов да биде: French Fries?“. Се работи за игра на зборови – french fries, на англиски значи помфрит, пржен компир – па значењето би било „Пржен Френч“.
3. „Простете господине, не ми беше тоа намерата.“
Иако на пат кон гилотината, на 16 Октомври 1793-та, Марија Антоанета имала избричена глава и била превезена во отворен автомобил низ улиците на Париз, публиката не била воодушевена. Масата очекувала да ја види разочарана, преплашена и посрамотена, но наместо тоа, осуденичката била горда и бесрамна до самиот крај.
На самата платформа за егзекуција, откако стапнала на ногата на џелатот Хенри Сансон, таа му се обратила: „Простете господине, не ми беше тоа намерата“.
4. „Војници, пукајте!“
По поразот кај Ватерло, еден од најпопуларните офицери на Наполеон – Мишел Неј, бил уапсен и осуден за предавништво. Кога го прашале за својата последна желба, тој побарал лично да ја издаде командата за негово стрелање.
На денот на погубувањето, одбил да му бидат врзани очите и му се обратил на стрелачкиот одред:
„Војници, кога ќе издадам наредба за пукање, стрелајте право во моето срце. Чекајте додека јас не наредам. Тоа ќе биде мојата шоследна команда. Се борев во илјада битки за Франција и никогаш против неа… Војници, пукајте!“
5. „Кај ми е двојникот кога ми треба?”
Винсент Гутиерез е погубен на 28 Март, 2007-та, со смртоносна инекција, откако бил осуден за убиство.
Се верувало дека пати од биполарно пореметување, што придонесува за малку хумор во неговата изјава:
„Сакам на сите да им кажам дека ми е жал за се што се случи. Моја грешка. Сакам да им се заблагодарам на сите оние што беа до мене сиве овие години. Сестра ми Дорис, мајка ми, браќата, децата… Ве сакам сите… Сега, кај е оној мој двојник кога навистина ми е потребен?“
6. „Претпоставувам дека телефонот на гувернерот се расипал…“
Дејвид Метјуз бил осуден за убиство од прв степен во Оклахома. Но, неговото погубување е одложувано дури три пати. За првите 2 е одговорен гувернерот Бред Хенри, кој барал од адвокатите подобро да го испитаат случајот (Метјуз тврдел дека е невин), а последното одложување било поради барањата да се замени смртоносната инекција со некоја друга казна.
Како и да е, при четвртиот обид, додека отровот течел низ вените на Метјуз, тој се обратил кон семеството со насмевка: „Претпоставувам дека телефонот на гувернерот се расипал… Уште го нема да се јави.“
7. „Во моментов, порадо би бил на риболов.“
Џими Глес е погубен во 1987-та, поради убиство на брачен пар, на Бадник.
Пред самиот крај изјавил: „Во моментов, порадо би бил на риболов“.
Се разбира, особено ако се знае дека во моментот на погубувањето бил потребен само уште еден глас за врховниот суд да укине смртната казна.
8. „Побрзај, ти кучкин сине!“
Карл Панзарм бил сериски убиец, силувач, пироман и крадец, а бил обесен на 5 Септември, 1930-тата година. Тој признал 22 убиства и повеќе од 1000 силувања. Згора на се, изјавил дека воопшто не чувствува грижа на совеста.
Бил осуден на смрт, по што одбил да поднесе жалба, а дури им се заканил со смрт на самите активисти што се обидувале да застанат во негова одбрана.
Кога му ја ставиле јамката околу вратот, тој го плукнал џелатот во лицето и викнал: „Би сакал целата човечка раса да има еден врат и добро да го стегнам“. Последните зборови ги упатил кон џелатот: „Побрзај, ти кучкин сине! Можев да обесам десетина луѓе додека вие овде се загревате!“.