Науката е способна на неверојатни чуда, но чудно е како некои од најобичните, секојдневни работи остануваат мистерија дури и за најголемите научници.
Зошто спиеме?
Според една теорија, сонот му помага на мозокот да се релаксира, по долгиот ден. Тогаш се исфрлаат сите непотребни информации што мозокот ги има собрано во текот на денот. Оваа теорија сепак се соочува со неодговорени прашања. Растенијата и микроорганизмите немаат мозоци, но паѓаат во латентна состојба слична на спиењето. Тие зошто спијат? А како е можно да има луѓе кои не спијат со години? Никој не може да одговори…
Колку планети има во сончевиот систем?
Откако Плутон беше исфрлен од клубот на планетите во Сончевиот систем, знаеме дека науката може да го промени бројот на членовите кога сака. Она што не го сфаќаме сепак е дека сегашниот број од осум планети и едно сонце е генерално најдобрата претпоставка на науката.
Звучи откачено, особено имајќи предвид дека разгледуваме доста далечни светови и галаксии. Но вистината е дека голем дел од нашиот сопствен Сончев систем се уште е неистражен. Зоната меѓу Меркур и Сонцето е премногу светла за да ја гледаме, а онаа пак, надвор од Уран е премногу мрачна. Покрај тоа, некои астрономи тврдат дека можеби има и второ сонце.
Зошто мразот е лизгав?
Да речеме дека мразот е лизгав е исто како да кажеме дека водата е мокра – сите го знаат тоа. Сепак ако прашате зошто, никој нема да може да ви даде одговор.
Научниците не знаат зошто по мразот можеме да возиме скии, но не и по асфалтот. Според една популарна теорија, површината на мразот останува влажна, бидејќи врвот нема ништо освен воздух, па оттука нема што да му врши притисок. Некои истражувања го потврдиле тоа, иако исто така откриле дека влажниот слој е премног тенок за да има некаква улога при триењето.
Како работи велосипедот?
Велосипеди има уште од почетокот на 19 век и главниот дизајн е променет малку за последните 200 години. Секогаш имаме две тркала, рамка, која ги поврзува, и управувач.
Можеби ќе помислите дека барем човекот кој го измислил велосипедот, знаел што прави, но ќе згрешите. Првите велосипеди биле измислени преку обиди и грешки, а не благодарение на научни процедури. Дури модерните дизајнери признаваат дека успехот на добриот дизајн се крие во интуицијата.
Што се случува кога ќе ги прашате научниците што точно го прави велосипедот стабилен? Или што го тера да се движи?
Очигледно молк…
Како да победите Solitarie?
На сите ни се случило да губиме 10 игри по ред и да почнеме да се чудиме каква ли е тајната за решавање на Solitaire. Зар е возможно да не постои трик за оваа игра?
Излегува сепак, дека ова е мистерија за научниците уште од 19 век. Всушност, големите математичари отворено признаваат дека тоа е еден од срамните моменти на математиката.
Кога гениите се обиделе да ги пресметаат шансите за победа, тие се соочиле со проблем. Не можеле да разберат дури колку профитабилни опции се можни.Стигнале се до некоја приближна стапка, но не и до вистинските резултати.
Колку животински видови постојат?
Веќе сме влезени во 21-ви век и науката е доста пространа, но се уште немаме идеја уште колку животински видови постојат.
Покрај континуираната 250 годишна мисија и пронаоѓањето на 15 000 нови видови секоја година, научниците немаат ни најмала идеја уште колку видови ни останува да откриеме.
Иако досега се идентификувани речиси 2 милиони видови, пресметките за вкупниот број кои постојат се помеѓу 5 и 100 милиони.
Должината на крајбрежјето
Знаеме каде се реките, езерата, морињата, колку се долги, широки и длабоки. Сигурно знаеме и колку е долга крајбрежната линија.
Или пак не? Излегува дека не може да се каже со точност. Мерењето на крајбрежјето не е толку едноставно како мерењето на права линија на лист хартија. Се работи за сложен процес, подложен на големи претерувања. Поедноставно, причината е тоа дека зависи колку детали од крајбрежната линија сакате да измерите, секогаш ќе добивате различен резултат. Ако сакате само груб преглед на брегот, ќе добиете една должина. Ако одлучите да ги мерите и најмалите детали, должината може да се зголемува постојано.
Како делува гравитација?
Едвај има нешто главно од гравитацијата. Фрлате нешто и тоа паѓа. Покрај популарното верување, Њутн не ја открил гравитацијата.
За да ја направиме мистеријата уште поголема, сите други сили си имаат свои честички, но не и гравитацијата. Или барем уште не сме откриле такви.
Всушност гравитација е една од нештата кои квантната физика и реалната физика не можат да ги објаснат. Знаеме повеќе за она што има во атомот, отколку за тоа зошто топката паѓа назад на земјата, кога ја фрлиме.