Домашни рецепти за нега на кожата

За да имате негуван тен и за момент да го успорите стареењето, не морате да се одлучите за скапи естетски третмани. Доволно е, како што советува Андреј Ордон, козметички експерт и пластичен хирург да се определите за природни рецепти. Поглднете неколку делотворни совети, кои би требало да ги испробате.

Освежувач од мед и авокадо

За да го ублажите стареењето мора да имате квалитетен освежувач за кожата.

– Оваа комбинација на производи и помага на кожата што подолго да биде хидратантна. Кожата изгледа нежно и префинето, а тенот делува свеж и младолик.

296957_121008151853_23-banana-face-mask-230812

Салата против брчки

Оваа салата го забрзува метаболизмот, пребогата е со антиоксиданси и ја штити кожата од оштетување, ја подобрува циркулацијата и ги обезбедува потребните состојки. Можете да ја конзумирате еднаш во неделата.

Начин на подготовка:

Состојки: Половина шолја боровница, половина шолја јагоди, една кива, половина шолја органски сок од полтокал и една дланка  исецкани ореви.

Подготовка: Помешајте ги првите три намирници во мала чинија. Додадете ги сокот и оревите.

Третман против акни

Ако имате проблем со акните обидете се со овој совет, за чија што намена состојките ги имате на дофат на рацете. Помешајте квасец и сок од лимон. Направете паста, намачкајте се со неа на спорното место, почекајте 10 минути и измијте се. Квасецот ги „убива“ бактериите, а лимонот помага местото на кое што била акната брзо да се излечи.

- Реклама -