Летото е многу романтичен период од годината. Еве неколку идеи за романтични локации за поминување на летниот одмор.
Мачу Пикчу, Перу
Изгрејсонце на Андите, 2490 метри над површината на морето. Престој во хотел во близина на мистериозните рушевини. Похрабрите можат да се обидат да се искачат на планината Хуајана Пикчу – планината која се гледа на сите туристички постери – за уште поневеројатен поглед на изгрејсонцето.
Полуостровот Говер во Велс официјално има статус на „Област со неверојатна природна убавина“. Оваа локација нуди одлични гребени за неверојатно романтични прошетки, поглед на мирните заливи со облик на потковица, села кои припаѓаат на разгледници и, со исклучок на летни викенди, мир и тишина.
Stanley Safari Lodge, Викторини Водопади, Замбија
Кога се работи за романтично сафари помало е подобро што значи дека Stanley Safari Lodge, кој има само 10 соби, е одлично место за двојките кои бараат приватност. Оние кои се подготвени да платат повеќе за Livingstone Suite, ќе ја искусат колонијална Африка во најчиста смисла на зборот, толку блиску до водопадите што ќе можете да ги видите виножитата.
Турнеја која почнува од Рејкјавик и неговото прекрасно пристаниште, куќите обоени во живи основни бои и ноќниот живот кој не запира се до зората, посебно за време на летните бели ноќи.
Ако вашиот романтичен сон е да се изолирате од сè тогаш Тасманија, малиот и сè уште релативно недопрен остров јужно од Австралија, е идеална локација.