Француски верски фанатици распнале девојка на крст затоа што верувале дека во неа е влезен ѓаволот.
Четири религиски ектремисти од Франција мачеле деветнаесетгодишна девојка во Париз затоа што верувале дека во неа е влезен ѓаволот.
Тие ја киднапирале девојката, ја мачеле и на крајот ја распнале. Додека над неа го извршувале седумдневниот ритуал на истерување на ѓаволот и давеле само зејтин и вода за да преживее.
Полицијата ја нашла девојката во полумртва состојба во стан во париско предградие. Неодамна почнало судењето, а како иницијатор за мачењето се сомничи нејзиното поранешно момче Ерик Дерон. Осомничена е и неговата мајка и уште двајца мажи.
Дерон бил убеден дека неговата девојка е опседната. Тие се запознале во 2008 година на собир на Протестантската црква.
Обвинетите тврдат дека не се виновни и дека девојката сама се согласила на егзорцизам.
Портпаролот на Црквата на Адвентистите на седмиот ден изјавил дека осомничените се исфрлени од црквата и пред да бидат обвинети за злосторството и додал дека адвентистичките учења немаат ништо со тоа.